Дами 40+ знаат како да ги носат: Топ три комбинации за свеченост

22 јули 2019

Летото е период кога се организираат разни прослави. Доколку ве очекува некоја, а сè уште немате идеја што би носеле, овие три познати дами би можеле да ви бидат инспирација.

Анџелина Џоли

Актерката се појави на годинашното издание на „Комик Кон“ во црн коктел фустан. Мора да се забележи дека актерката одамна не изгледала вака добро. Се работи за асиметрична креација во горниот дел, која има интересен детаљ од едната страна. Должината е до колена, а во комбинација со црни салонки.

 

Енди Мекдауел

Актерката неодамна беше на Women's Brain Health Initiative, а се појави во совршена летна комбинација. Се работи за фустан на риги и на преклоп, кој во долниот дел е малку асиметричен. Го комбинира со интересна плетена чанта и црни сандали на ремче. Фустанот е изработен од свилен сатен и во него 61-годишната актерка изгледа совршено.

 

Џејн Сејмор

На истиот настан беше и актерката Џејн Сејмор (68). Таа ја истакна својата совршена линија во фустан во минт нијанса, кој во горниот дел има вкрстени ленти. Должината е до колена, а во комбинација со беж салонки. 

Објавено:
22 јули 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
1.469 пати
Извор: 
daily mail