Дамско и женствено издание на кралицата Максима

15 септември 2021

Холандската кралица Максима повторно го привлече вниманието благодарение на одличниот моден избор и својата природност.

При посетата на Саланд со кралот Вилем Александар, Максима носеше зелен комплет составен од плисирано здолниште и горен дел.

Ситниот цветен дезен и ременот со кој се нагласува половината, само дополнително ја збогатија креацијата од модната куќа „Natan“.

Но, и шеширот придонесе за бројните комплименти кои ги доби, а кој е со потпис на „Fabienne Delvigne“ и на кој доминираат бордо нијанси. Токму во таа нијанса беа и чевлите на висока потпетица.

Сепак, најубавиот моден додаток на кралицата  е нејзината убава широка насмевка и покрај тоа што честопати носи и одбира мошне храбри детали кои ја збогатуваат модната комбинација.

Ако преферирате дамски и женствен изглед, овој нејзин изглед може да ви биде инспирација:

Објавено:
15 септември 2021
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
810 пати