Легендарната актерка, поранешна Бонд девојка, Џејн Сејмур (70) на својот инстаграм профил објави фотографија со својата долгогодишна пријателка, Џоан Колинс (87) која привлече големо внимание.
Двете позираат во речиси идентични модни комбинации и се навистина олицетворение на негувани жени со ведар дух и полни живот.
View this post on Instagram
„Не постои никој како Дамата. Поминав прекрасен ден со мојата животна пријателка, фантастична актерка и прекрасна (одвнатре и однадвор) Џоан Колинс“, напиша Сејмур во објавата, не штедејќи комплименти.
Инаку, Џејн има и фондација, а за да ја поттикне јавноста и колегите да учествуваат во хуманите цели кои ги реализира, создаде и марами со срциња, а една од првите кои има можност да ги носи е токму нејзината пријателка.
View this post on Instagram
Не е првпат овие две дами да бидат „модни близначки“, што и го прикажуваат на социјалните мрежи, но освен таму, публиката може да ги гледа и во средновековната драмска минисерија „Glow and Darkness“.
Ќе се согласите дека изгледаат неверојатно и се вистинска инспирација.