Џенифер Анистон покажа како се носи мини фустан на 50 години

6 јуни 2019

Актерката Џенифер Анистон беше гостинка во последната емисија на Елен Деџенерис, каде го привлече вниманието поради три работи:

1. Се појави во црн мини фустан во кој изгледаше фантастично. Фустанот е од нежна транспарентна ткаенина, здолништето завршува со карнер, како и долгите ракави. Актерката ги искомбинира со црни сандали од Сен Лоран и покажа дека и на прагот од шестата деценија можете да бидете секси и провокативни, но со вкус. Воедно, овој нејзин стајлинг може да послужи како инспирација за летна свеченост. Косата и шминката, како и секогаш, ѝ се природни и едноставни.

2.Ги најави новиот филм со Адам Сендлер и сериите со Рис Витерспутн. Со оглед на тоа дека со Сендлер се веќе проверен и добар тим, ќе биде интересно да се види како функционираат заедно после подолга пауза на големото платно. Остварувањето е наречено „Murder Mistery“, а трејлерот ви го презентираме во продолжение. За проектот со Рис, кој е поддржан од Apple, познато е дека се работи за драма која ќе се одвива во 20 епизоди.

 3.На крајот, а и она што најсилно одекна во јавноста, е потврдата од Анистон дека постои шанса екипата на ситкомот „Пријатели“ да се собере повторно! 

„Видете, јас би го направила тоа! И девојките би го направиле, и дечките исто така, сигурна сум. Сè може да се случи“, изјави актерката и со тоа ја разбуди возбудата на обожавателите на серијата која во септември ќе прослави 25 години од првата епизода!

Ние стискаме палци да се случи тоа!

Објавено:
6 јуни 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
7.193 пати