Џенифер Лопез мами воздишки во кампања за долна облека

8 март 2023

Џенифер Лопез е новото заштитно лице на италијанскиот бренд за долна облека Intimissimi.

По неколку големи имиња како Ирина Шајк, Хајди Клум и Сара Џесика Паркер, латино дивата доаѓа во вистинско време за глобалната кампања.

На фотографиите ја гледаме Џеј Ло како позира во низа интимни изданија, во луксузната долна облека на брендот од колекцијата пролет 2023.

Според извршниот директор на Intimissimi, Матео Веронеси, ѕвездата била токму она што се бара.

Лопез го отсликува духот и сензибилитетот на сите наши култни купувачи.

Џенифер за прв пат го откри брендот минатата година, на едно патување во Италија, а за себе вели дека ја обожува свилата.

Кимоната и пижамите се навистина удобни и сега се мои омилени парчиња за носење кога се одморам во дневната соба.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Фото:Facebook, Intimisimi

Објавено:
8 март 2023
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
537 пати
Тагови: 
Џенифер Лопез