Постојат неколку актерки во Холивуд на кои се чини времето не им може ништо. Една од нив дефинитивно е и прекрасната Џулија Робертс која постојано одбира шик комбинации со кои ги воодушевува обожавателите.
По гостувањето во шоуто на Елен Деџенерис каде се појави во неверојатна комбинација составена од црвени панталони што совршено и прилегаа и џемперче во истата нијанса, можевме да ја видиме на улиците на Њујорк во впечатлив колоритен фустан на пруги.
Фото: Vogue
Фустанот е со асиметрични пруги од колекцијата на Валентино, а познатата актерка и мајка на три деца истиот го комбинираше со елегантни високи црни чизми.
Фото: Red Carpet Fashion Awards
На комбинацијата таа додаде и впечатливи очила за сонце, обетки и прстени, а совршена беше и нејзината фризура и шминка како и секогаш.
Фото: Vogue
Таа уште еднаш докажа дека годините се само бројка и дека секоја дама може да изгледа совршено во било која деценија од животот.
Инфо: Vogue.com