Познатата холивудска актерка Џулија Робертс деновиве престојува во Верона каде снима реклама за познат бренд со кој соработува веќе долги години.
Прекрасната 51 – годишна актерка се прошета низ улиците на Верона облечена во розово палто – фустан во комбинација со хулахопки со принт и чизмички на мала потпетица.
Очекувано, таа предизвика огромно внимание низ улиците, па така постојано беше фотографирана од случајните минувачи и папараците.
Креацијата што таа ја носеше е со потпис на Александар Меквин, во комбинација со црна чанта и чизмички во иста нијанса.
На стилскиот стајлинг таа му додаде шармантна нота со нејзината нова шик фризура која овојпат ѝ беше направена во бранови.
За време на престојот во Верона познатата убавица присуствуваше и на концертот на Елтон Џон во друштво на нејзините пријатели.
Инфо: tportal.hr
Фото: Profimedia