Ел Мекферсон: Среќна сум што телото веќе не ми е исто

14 јуни 2018

Ел Мекферсон е еден од најпопуларните модели во текот на 80-тите. Откако магазинот „Sports Illustrated“ ѝ ја даде довербата за дури пет насловни страни, таа го доби прекарот „Телото“ (The Body). 

Повеќе од 30 години подоцна, таа сè уште изгледа одлично.

„Не се грижев отсекогаш за мојата кожа. Поминував многу време на сонце. Родена сум во 60-тите, кога лежењето на сонце со масло за бебиња беше ултра модерно. Но, не направив никаква пластична операција на лицето или телото. Не е дека имам предрасуди или осудувам, туку едноставно, тоа не е мој избор. Ми се допаѓа лице што изгледа природно“, вели моделот.

Таа додава дека се радува што нејзиното тело доживеало промени.

„Се трудам да правам вежби секој ден, но благодарна сум и среќна што го немам истото тело како во моите 20-ти. Ова тело роди двајца неверојатни момчиња (Флин и Аурелиус) и живееше во неверојатни модни и фитнес фази. Но, доживеа и промени на кои искрено сум благодарна, затоа што сум имала можност дa се развивам со тек на времето. Отворена сум на промени и еволуција“, потенцира Мекферсон. 

Со оглед на тоа дека стареењето не е нешто што ѝ предизвикува главоболки, таа се труди да биде што е можно поздрава. 

„Кога наполнив 50 години сфатив дека работите што сум ги правела во 20-тите, не функционираат повеќе. Тогаш почнав да го следам алкалниот начин на исхрана, каде во фокус е зеленчукот. Сега сакам да јадам сè здраво. Секој ден внесувам протеински шејкови и внесува три литри вода дневно. Тоа што сум од Австралија, отсекогаш ми било важно да се движам надвор. Не сакам да се затворам, затоа уживам да сум надвор, да пешачам, да го шетам кучето, да пливам или практикувам јога во вечерни часови. Кога почнав да го правам сето ова, почувствував голема промена не само во телото, туку и во севкупната состојба на организмот. Се чувствував добро“, вели Ел.

После моделството, започна со создавање своја линија со долна облека и продукти за кожа, со што сè уште се занимава. 

Но, интересен е начинот на кој Мекферсон ја започнала кариерата на модел. Бидејќи била запишана на правни студии на Универзитет во Сиднеј по завршувањето на првата година, заминува во САД да работи како модел со цел да обезбеди пари за купување на книги, неопходни за студирање. Во Њујорк потпишува договор со Click Model Management и веќе во 1982 година ја снима првата тв реклама. Во 1986 година магазинот „Тајм“ ја става Ел на насловната страна, а потоа следеа насловни страници за „Космополитен“, „Ел“, „GQ“, „Харперс Базар„ и „Вог“

По појавувањето топлес во филмот „Sirens" во 1994 година, Мекферсон сфаќа дека медиумите се заинтересирани за провокативни фотографии и токму затоа во мај истата година, позира топлес за магазинот „Плејбој“. Во 2010 година се врати на модните писти и беше дел од ревијата на “Луј Витон“, за есенската колекција во Париз.

Останатото е историја.

 

фото извор: daliymail.co.uk; pinterest.com; popsugar.com; hawtcelebs.com; gotceleb.com; 

Објавено:
14 јуни 2018
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
7.060 пати