Елизабет Харли во фустан што го носеше пред 21 година - сега ѝ стои дури подобро

20 мај 2020

Актерката Елизабет Харли е во шестата деценија од животот и изгледа фантастично. Во контекст на ова одат и последните неколку објави на нејзиниот Инстаграм профил.

Таа сподели фотографија на која гледа телевизија во виолетов светкав „Версаче“ фустан, кој го носеше и пред 21 година, на доделувањето на таканаречените “модни оскари“, односно CFDA наградите.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Elizabeth Hurley (@elizabethhurley1) onMay 18, 2020 at 2:42pm PDT

Секако дека фотографијата предизвика огромно внимание, а коментарите се дека изгледа подеднакво добро како и пред 21 година. Бројни се и оние што мислат дека оваа секси креација сега ѝ стои и подобро.

Потврда за тоа дека изгледа фантастично се и уште две други објави, каде Харли е во костим за капење. Всушност свесна за својот изглед, таа често објавува фотографии во костими за капење, од кои повеќето се од нејзината линија „Еlizabeth Hurley Beach“.

Нема потреба од дополнителни коментари, нејзиниот изглед кажува сè!

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Elizabeth Hurley (@elizabethhurley1) onMay 19, 2020 at 2:18pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Elizabeth Hurley (@elizabethhurley1) onMay 17, 2020 at 8:47am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Elizabeth Hurley (@elizabethhurley1) onApr 24, 2020 at 12:11pm PDT

 

 

 

Објавено:
20 мај 2020
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
1.635 пати
Тагови: 
Елизабет Харли