Енди Мекдауел: Мажите стареат и ние продолжуваме да ги сакаме - сакам да бидам како маж

16 септември 2021

Aктерката Енди Мекдауел се најде на насловната на новот издание на "The Zoe Reporter“ магазинот. Таа е заштитно лице на „Лореал" дури 35 години, а многумина ја запознаа и благодарение на рекламите за коса. Во интервјуто проследено со фотографии, 63-годишната убавица зборуваше токму за тоа, како и за новиот изглед, љубовта, ставот кон стареењето.

Во продолжение ви претставуваме дел од нејзините изјави:

„Косата не ја бојадисував до кај 40-тата. На едно интервју го фатив новинарот како ми ги брои белите влакна и се почуствував многу непријатно. И така започна навиката која ја повторував секои три недели. Долго време сакав да престанам да ја бојадисувам, веќе неколку годинини наназад, сепак и се срамев од мојата природна боја. А потоа се случи Ковид и ги видов корените како се појавуваат и си помислив дека добро ми прилегаат“, вели актерката која на филмскиот фестивал во Кан ја покажа својата раскошна седа коса. „Стравував од тоа што ќе мислат луѓето, јас сум од оние што ги читаат сите коментари“.

 

„Мислам дека жените се изморени од идејата дка не можат да стареат и да бидат убави. Мажите стареат, а ние продолжуваме да ги сакаме. Сакам да бидам како маж. Сакам да бидам убаво и не сакам си играм со себе за да бидам убава. Не сакам да звучам арогантно, но кога ќе се погледнам во огледало, навистина го сакам изгледот, ја сакам мојата коса. Мажите исто така имаат сиви и бели влакна, а ние мислиме дека се прекрасни. Ни ја “продадоа“ идејата дека тие се подобри од нас, а тоа е глупост!“.

 

„Мајка ми имаше свои демони и проблеми. Како дете гледав многу луди работи и таа траума од детството не заминува. Се' уште работам на мојата анксиозност. Тешко е да се ослободиш од пострауматски стрес. Во твоите коски е, во нервниот систем... Но, јас гледам на светлата страна. Можам да го искористам, да допрам до него креативно“.

 

„Живеам сама, не ни сакам повеќе да живеам со некој друг повторно. Немам љубовен живот. Не би имала ништо против доколку некој сака да остане повремено со мене, но јас сум многу тивка личност“.

 

Објавено:
16 септември 2021
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
3.738 пати