Ева Лонгорија во елегантен црн фустан идеален за дами од различни генерации

11 јуни 2019

Актерката Ева Лонгорија вчера беше дел од премиерата на серијата „Гранд Хотел“ во Мајами, но не како актерка во главната улога, туку како извршен продуцент.

Лонгорија се појави во црн асиметричен фустан. Долниот дел е збогатен со карнери направени од органтин, а стајлингот е заокружен со сандали со тенки ремчиња и дискретен накит.

Кројот на фустанот е таков да може да биде идеален избор за повеќе генерации. Може да го носат и матурантки, но и жени во нивните 40-ти како Лонгорија (44). 

Инаку, актерката, а сега продуцентка, на црвениот килим позираше со колешката Роселин Санчез, која ја толкува главната улога.

Санчез (46) пак, одбра долг цветен фустан на преклоп во горниот дел, совршен избор за летни забави, исто така погоден за стилизирање на дами во различни возрасти.

Кој повеќе ви се допаѓа?

Објавено:
11 јуни 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
591 пати