Фраерка на секоја возраст: Дајан Китон ги покажа омилените стајлинзи

30 јуни 2020

Дајан Китон е една од најуникатните појави во Холивуд. Оваа 74-годишна дама секогаш била доследна на својот автентичен стил.

И тоа во секоја декада, на секоја возраст.

Тоа го покажа и во видеото што неодамна го објави на нејзиниот Инстаграм профил. Облечена во широки фармерки, бела кошула и секако шешир, таа ги презентираше нејзините омилени комбинации низ годините.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Diane Keaton (@diane_keaton) onJun 23, 2020 at 10:28am PDT

 

Актерката откри дека ги сака оделата со строг крој и дека нејзината доживотно омилена комбинација е црно-белата. Шапките се омилен моден додаток,

„Дури и кога бев млада, секогаш се облекував модерно. Мама и јас, од магазините ќе ги исечкавме сликите кои ќе ни се допаднеа, јас ќе ѝ покажев што би сакала да имам, а таа ќе ми го купеше“, вели Китон.

Таа откри дека сè уште ги чува тие слики, а меѓу албумите ги најде и оние со омилените парчиња облека. Видеото завршува со фотографија од Дајан Китон како ликот Ени Хал, облечена во креација на „Ралф Лорен“, а во друштво на Вуди Ален.

 

 

Објавено:
30 јуни 2020
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
1.395 пати
Тагови: 
Дајан Китон