Гламурозно издание на Софија Лорен и на 85 години

5 март 2019

Актерката Софија Лорен и во 85. година од животот изгледа фантастично и сè уште не се повлекува од јавниот живот.

Така, неодамна можеше да се види на претставувањето на новиот луксузен крузер, „Белисима“, во луката „Сити Круз Терминал“ во Саутхемптон.

На настанот се појави во луксузен фустан со прав крој и длабоко V-деколте,кое често е нејзин избор, украсено со камења и монистра. Нежниот фустан ја истакнува нејзината фигура која и во 90. година е одлична, а стајлингот е надополнет со скапоцен накит од злато, бисери и дијаманти. Италијанките сакаат некогаш да претераат со деталите, но и знаат како тоа да го носат. Тоа е случај и со актерката, која на сиот тој сјај додаде и бел цвет сместен во изразот на деколтето.

Насмевката, сè уште неверојатно густата коса и шармот што го поседува, придонесуваат таа секогаш да зрачи и да го украде вниманието од многу помлади колешки.

Интервјуа дава сè поретко, но во едно нагласи дека смета дека убавината е во дисциплината.

„Ако млада жена е убава, но не дисциплинирана, со годините ќе ја изгуби убавината. Од друга страна, ако жената е „обична“, но дисциплинирана, со годините ќе изгледа сè поубаво“ и во тоа е нејзината тајна.

 

Објавено:
5 март 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
2.110 пати