Хали Бери (53) ги покажа стомачните

9 ноември 2019

Оскаровската Хали Бери (53) уште еднаш покажа дека годините не се никаква пречка за добар изглед. Таа на својот Инстаграм профил секојдневно објавува дел од нејзината рутина на вежбање, но вчера конечно ги покажа и стомачните мускули.

Имено, таа се подготвува за нејзиниот нов филм насловен како “Bruised“, во кој покрај тоа што ќе ја има главната улога, истиот и ќе го режира.

„Среќен фитнес петок на сите! Не постои подобро чувство од тоа кога ќе си поставиш цел и потоа ќе го „смачкаш“, напиша актерката на Инстаграм.

Таа ги покани нејзините 5.7 милиони следбеници да го ја погледнат нејзината „инстаграм стори“ приказа за тоа какви вежби практикува.

„Една од моите цели за новиот филм беше да имам изразени стомачни мускули. И денес? Конечно ги имам и чувството е неверојатно. Ве охрабрувам да си поставите цел“, сподели Бери.

Да, кога ќе ги погледнете фотографиите, навистина е мотивирачки, а особено кгоа ќе размислите дека таа е во шестата деценија од животот. Браво!

Објавено:
9 ноември 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
1.689 пати
Тагови: 
sweet40+ Хали Бери