Хелен Мирен - дамата која покажа што значи достоинствено стареење

26 јули 2021

Хелен Мирен - беспрекорна актерка, која низ годините го менуваше својот изглед, но секогаш остана доследна на дамскиот моден израз, умереноста во однесувањето и достоинственото носење на секоја брчка која се појавува.

Меѓу првите го покажа своето лице без шминка.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Helen Mirren (@helenmirren)

Неодамна беше актуелна поради појавувањата во Кан, каде покажа дека не ја бојадисува косата, но затоа ужива да носи креации во интензивни бои.

Всушност, тие се дел од нејзиниот стил. Не стравува да биде во центарот на вниманието. Има став и таа ја носи облеката, а не обратно.

И токму затоа, каде и да се појави останува запаметена.

Во едно интервју таа ги открива тајните на нејзината убавина и необичната рутина за нега и триковите со кои таа постојано ги изненадува сите експерти кои признаваат дека нејзините методи се навистина необични, но и дека функционираат супер.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Helen Mirren (@helenmirren)

„Сама ја бојадисав косата само неколку дена пред да се појавам на Канскиот фестивал пред неколку години. Ретко одам во фризерски салон, можеби само два пати годишно, а инаку сама ја кратам и косата. Мојата сестра и јас често знаевме да си направиме прамени како што тоа го правевме порано, со едноставна четка за заби“.

„Мислам дека многу жени усвојуваат еден тренд некогаш во животот и истиот не се менува до некои одредени години. Едноставно, забораваме дека можеме да експериментираме. Се сеќавам дека никогаш не сакав да излегувам од дома без маскара кога бев млада, додека сега не ми пречи и ако се појавам без грам шминка", вели актерката.

Несомнено, многумина ќе кажат дека постои нешто аристократско кај оваа холивудска ѕвезда. Таа ќе каже дека е во прашање држењето, бидејќи смета дека правата половина е клучот за здравото тело.

Таа понекогаш сака да оди да вежба, но истакнува дека тоа е повеќе заради психичкото здравје, бидејќи смета дека физичката активност е одлична терапија за умот.

„Одам во теретана, но никогаш не издржувам повеќе од два месеца. Истото е и со диетите, постојано почнувам од почеток", вели таа, а веруваме многумина ќе се препознаат.

„Она што е особено чудно е дека сега, на оваа возраст се чувствувам многу посреќна од порано. Иако времето и годините ми даваат можеби помалку причини да бидам среќна, јас денеска се чувствувам неверојатно удобно во својата кожа", изјави неодамна актерката.

 

Во изјавата таа додаде и дека кога сте млади и убави, секогаш се чувствувате параноично и мизерно.

„Потоа... стареете, а тоа е иронично вистинито и морате да се соочите со тоа на овој или оној начин", изјави фантастичната актерка.

А во продолжение ве потсетуваме на уште некои нејзини прекрасни изданија:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@queenhelenmirren)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@jools.mez)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@queenhelenmirren)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@dame_helen_mirren_fans)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@dame_helen_mirren_fans)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@dame_helen_mirren_fans)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@dame_helen_mirren_fans)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@dame_helen_mirren_fans)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@dame_helen_mirren_fans)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@dame_helen_mirren_fans)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@dame_helen_mirren_fans)

 

 

Објавено:
26 јули 2021
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
2.818 пати