На актуелното 72. издание на Канскиот филмски фестивал, вчера се случи и премиерата на „The Best Years of Life“, во која главните улоги ги толкуваат Хелен Мирен, Енди Мекдауел и Искра Лоренс.
Токму тие и го освоија вниманието на присутните и медиумите.
Хелен (73) и Енди (61) позираа заедно на црвениот килим и им одржаа лекција на многу помлади колешки. Не само што изгледаа совршено, туку и беа фантастично расположени и ја распространија својата позитивна енергија, за што сведочат и фотографиите.
Нивното појавување беше забележано и поради модните комбинации.
Енди се појави во ултра шик комбинација која подразбира сиви широки панталони и асиметричен топ, кој има долга опашка. Креацијата е од дизајнерот со македонско потекло Тони Матичевски и актерката одлично ја носи.
Од друга страна, Хелен Мирен изненади со промената на бојата на косата. Актерката се појави со пастелно розова нијанса на косата, а токму во таа нијанса е и фустанот од Ели Сааб украсен со златни светки. Деколтето е асиметрично и Мирен изгледа одлично!
И двете уште еднаш покажаа дека годините навистина не се ништо, дека негата на духот и телото е најважна!