Хелен Мирен покажа како се носат патики и на црвен тепих

24 февруари 2023

Откако ја воодушеви публиката со своето појавување на Берлинскиот филмски фестивал во елегантен црн фустан и пуштена коса во стилот на „стариот Холивуд", етаблираната актерка Хелен Мирен прикажа и едно сосема поинакво стилско издание на интернационалниот филмски фестивал.

Исто толку фасцинантна беше Мирен и во спортски аутфит како целосна споривност на претходниот и со истата доза на шарм и самодоверба.

Овојпат избор на актерката беа џемпер од кашмир во смела розова боја, елегантни панталони на пруги и бели патики, како ефективна стилска завршница.

Своја, посебна и секогаш на ниво на задачата, па дури и во патики.

Фото: Vogue

Објавено:
24 февруари 2023
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
585 пати
Тагови: 
Хелен Мирен 40+