Хелен Мирен во моќен стајлинг на доделување награди во Холивуд

6 февруари 2019

Британската актерка Хелен Мирен неодамна присуствуваше на  71. издание на „DGA“ наградите во Холивуд. 

Со својот моден избор и појава повторно успеа да го сврти вниманието кон себе. На настанот имаше голем број познати дами од Сара Паулсон преку Кери Расел, Констанс Ву и други, но сепак Хелен доминираше.

Таа довербата овој пат му ја даде на дизајнерот Брендон Максвел, а резултатот беше класичен, но по малку и авангарден изглед. Мирен носеше впечатливо асиметрично сако, во задниот дел долго и тесни црни панталони.

Струкот е нагласен со голем ремен, а изгледот е заокружен со розови чевли.

Хелен имаше и совршена кратка фризура, а обетките се доволно впечатливи, но не и нападни.

Уште еден моден погодок за дамата која и во 73. година секогаш изгледа модерно, софистицирано и моќно.

Објавено:
6 февруари 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
859 пати