Хелена Кристенсен во тренди комбинација која ја носи со став
•
21 март 2022
Хелена Кристенсен е дама која инспирира. Неодамна повторно ја гледавме на писта во емотивното модно шоу на „Оff White“, а на она на модната куќа „Александар Меквин“ беше гостинка.
Одбирајќи класично одело со машки крој, но во пастелно розова боја, покажа врвна елеганција и стил.
Сакото има нагласени раменици и дворедно закопчување, а панталоните се со широки ногавици. Изгледот го комплетираше со сандали и металик розова чанта.
Кога на тоа ќе го додадете црвениот кармин и нејзиниот сексапил - резултатот е дама која дефинитивно доминира.
Ова е одличен избор за жени од било која возраст, но 53-годишната Хелена покажа дека ставот е она што ја прави комбинацијата уште повпечатлива - многу повеќе од било каков друг моден додаток.