Инспирација за секој ден - Ги обожуваме комбинациите на оваа 50-годишна шпанска блогерка

5 февруари 2021

Секоја жена макар еднаш во животот ја изговорила онаа: „Немам што да облечам“. Вистината е дека имаме, но понекогаш ни недостасува инспирација како да ги искомбинираме парчињата кои веќе сме ги носеле и ни здодеале.

Ние најдовме совршена инспирација кај една 50-годишна блогерка од Шпанија.

Нејзиното име е Пилар и е една од најпопуларните блогерки не смо во категоријата plus age, туку и на шпанската блогерска сцена генерално.

Дипломирала историја на уметност, мајка е на две деца, а љубовта кон модата ја презентира веќе шеста година.

Нејзините комбинации ни се допаѓаат бидејќи најчесто се составени од парчиња од „улични брендови“ и лесно може да се прилагодат на сечиј гардеробер дома.

Од спортски до елегантни комбинации, Пилар покажува дека во секое издание може да се изгледа дамски и да се негува женственоста. Притоа, не се труди да изгледа како 30 години помлада, туку го вади најдоброто од своето тело, години и можности.

Нејзината мајка ѝ зборувала дека кога жената ќе почне да старее, таа полека станува невидлива, а Пилар го покажува токму спротивното.

Без разлика на која генерација припаѓате и го читате текстов, сигурни сме дека ќе пронајдете макар една комбинација која ќе ви се допадне и која ќе сакате да ја прилагодите на себе.

 

Објавено:
5 февруари 2021
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
7.018 пати