Инспирирајте се од стилот на славните 50+ дами

20 јануари 2023

Дамите од Холивуд знаат да бидат вистинска инспирација кога станува збор за облеката, а денес одвојуваме простор за најелегантните 50+дами. Овие жени го имаат потребното искуство и знаат што треба да се носи за да се изгледа добро.

Кога паметно ќе се искомбинираат класичните стилови со современите трендови се добива добитна комбинација. Во продолжение ви одвојуваме некои од најдобро стилизираните 50+ дами во Холивуд, секоја мега успешна во своето поле.

Листата ја започнуваме со една од најпознатите дами во модниот свет Ана Винтур. Ана е поим за безвременската класика и пронаоѓање на свој сопствен стил. Главната уредничка на Vogue обожава обоени парчиња и фустани во разни дезени. Она што не го претпочита е црна облека, а бојата ја комбинира само со одреден принт.

Продолжуваме со актерката и модна икона Сара Џесика Паркер, која што остава траен печат со своите модни комбинации. Нејзиниот лик Кери од мегапопуларната серија Сексот и градот, гордо ги шеташе своите чевли по улиците на Њујорк. Сара го прави истото и во реалниот живот и честопат знае да изненади со интересни модни додатоци кои прераснуваат во тренд.

Синди Крафорд и на свои 50+ се уште важи за една од најубавите жени во светот. Супермоделот претпочита елегантен, бизнис стајлинг, а парчето од кое не се двои е сакото. Без разлика дали ја гледаме во класични панталони, долги фустани или кожна комбинација, на нејзините високи потпетици Синди секогаш испраќа моќна модна порака.


На нашата листа со право се наоѓа и омилената пријателка Џенифер Анистон со нејзиниот спортско елегантен стил. Џен го обожува џинсот и неутралните тонови што многу придонесува за нејзиниот младешки изглед. Нејзините кежуал варијанти се инспирација за секоја девојка.

Фото :Pinterest

Објавено:
20 јануари 2023
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
3.561 пати