Како изгледа денес Кристл од „Династија“?

16 јуни 2020

Актерката Линда Еванс, врвот во својата кариера го оствари со улогата на Кристл Карингтон во планетарно популарната сапуница „Династија" која се прикажуваше од 1981 до 1989 година.

Иако периодов е актуелена преработката на серијата што се емитува на „Фокс лајф", сепак да се постигне популарноста што ја уживаше оригиналот е вистински предизвик.

Веројатно поттикнати од римејкот, медиумите периодов често пишуваат на теми поврзани со „Династија" од 80-те, а особено се задржуваат на актерската екипа.

Во низата такви навраќања, интересно е да се направи и споредба некогаш и сега, односно како Кристл, една од главните улоги, т.е актерката Линда Еванс, изгледа денес на 77-годишна возраст во споредба со годините кога се снимала серијата.

Од фотографиите што се објавуваат по светските медиуми, може да се заклучи дека и во осмата деценија од животот, нејзината природна убавина е неприкоснована.

Во прилог на ова, се и фотографиите во продолжение.

Инаку Линда е родена во 1942 година во Конектикат, САД. Се мажела два пати, но и двата брака неуспешно завршуваат со развод. Најголемиот успех во кариерата го постигнува токму со „Династија", а Кристл е улогата по која сите ја препознаваат.

Серијата беше номинирана за „Златен глобус" за најдобра телевизиска серија од 1981 до 1986 година, а наградата ја доби само во 1983 година. Првата епизода на „Династија" на просторите на поранешна Југославија беше прикажана на 25 јуни 1984 година.

 

Објавено:
16 јуни 2020
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
2.234 пати