Последните појавувања на Кејт Мидлтон се посебно пофалени од британските модни инсајдери. Војвотката од Кембриџ веќе извесно време ги фаворизира кошула-фустан моделите, а неодамна се појави во две интересни верзии на моделот кои се одлични за сечиј тип на тело.
Уште поинтересно е што и двата фустана веќе ги носела и ѝ се добро познати на јавноста, а фактот дека повторно предизвикуваат воодушевување е знак дека се работи за модна класика која секогаш е актуелна и секогаш на убав начин му служи на телото.
View this post on Instagram
Имено, Вилијам и Кејт периодов се во посета на Јужен Велс, а Војвотката вчера заблеска во постар фустан со потпис на британската дизајнерка Емилија Викстед. Се работи за модел со цветен принт, кој има копчиња во предниот дел и ремен, кој уште повеќе ја нагласува половината.
Здолништето е широко, но во А-крој, идеално за сокривање критични места, доколку е потребно. Во комбинација со беж еспадрили, кои се нејзиниот избор е одлична летна комбинација.
Пред тоа, за посетата на Шефилд, каде се сретна со некои од најсиромашните семејства нејзиниот избор беше бел фустан од брендот „Сузана“ (Suzannah). Фустанот во горниот дел е со ревери и дворедно закопчување, кое потоа на здолништето преминува во еден ред. Тоа што копчињата се црни, го прави фустанот уште повпечатлив, како и ситните фалти во горниот дел и кај ракавите.
View this post on Instagram
Бели чевли на висока потпетица и цветна маска за лице од брендот „Amaia“ совршено се совпаднаа со летниот стајлинг, кој сигурни сме ќе послужи како инспирација.
И двата модела се супер опција и за летен деловен изглед, но и за секојдневни прошетки, летен одмор...
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram