Кејт Винслет - една од омилените ѕвезди на реалните жени која не го крие своето несовршено тело

5 октомври 2020

Кејт Винслет е една од оние актерки кои реалните жени, оние од другата страна на екранот ги чувствуваат за блиски. Позната ѕвезда која реално и отворено зборува за своите проблеми, особено со килограмите, правејќи другите жени да не се чувствуваат осамено и да знаат дека дури и некој што има слава и пари, сепак може да ги дели проблемите со некој што тоа го нема, или барем не во тоа количество.

Винслет денеска го прославува 45 роденден, а ние ве потсетуваме на некои од нејзините цитати врзани токму за жените, облините и килограмите.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kate Winslet (@kate.winslet.official) onOct 4, 2020 at 4:27am PDT

-Секогаш се споредував себеси со другите. Ме нарекуваа „кит", ме задеваа, со цел да ја видат мојата реакција, а уште повеќе за тоа што сакам да се занимавам со глума. Ме заклучуваа во шкафчиња и ми се смееја. Не бев баш најубавата и дури ми кажуваа дека ќе бидам среќна ако воопшто успеам да се занимавам со актерство или ако добијам улога за дебели девојки. Јас не попуштав, а тие ќе речеа: „Ти не си тоа што го бараме Кејт". Таа нељубезност, ме направи да се чувствувам навистина грозно, како ништо да не е доволно добро, како да не изгледам доволно добро. Но, не се заклучував дома и не се откажав од моите соништа. Се борев, го возвраќав ударот. Морав да ги игнорирам негативните коментари. Морав да верувам во себе. Морав да изберам да се издигнам над сето тоа и морав да работам напорно. За да го работите тоа што го сакате, мора да бидете неуништливи и да верувате дека сте вредни за тоа, дека заслужувате. Понекогаш, тоа е најтешкиот дел.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kate Winslet (@kate.winslet.official) onSep 4, 2020 at 3:21am PDT

-Ниту мајка ми, ниту постарата сестра, ниту најдобрата другарка, никој не рече „си го сакам телото". Ниту една жена не кажува „Горда сум на своето тело". Затоа, јас се трудам да ѝ го кажувам на Миа (ќерка ѝ), затоа што позитивното гледиште на физичкиот изглед мора да се гради од најрана возраст.

-Секогаш се пријавував на аудициите за училишните драми. Не добивав многу добри улоги, но не ми беше грижа. Често добивав да бидам во улога на крокодил или страшило или црна, лоша вила. Дури еднаш бев и жаба што танцува. Но, не беше важно. Јас сепак го сакав тоа што го правам. Ја сакав глумата. Не беше важно колку улогите се мали или големи. Сакав да бидам одлична и бев одлучна во тоа да продолжам да учам.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kate Winslet (@kate.winslet.official) onAug 29, 2020 at 1:18am PDT

-За улогата за Роуз во „Титаник", јас бев најнепогодниот кандидат – Кејт од сенвичарата во Ридинг, одеднаш глуми во еден од најголемите филмови некогаш направени! Можете да направите што ќе посакате, од било кое место на планетата, верувајте. Да се надминат стравовите е нешто возможно! 

-Научив да си ги сакам недостатоците, да не се извинувам за она што сум. „Копав" длабоко и одлучив дека едноставно нема да ги слушам кога ќе ми кажат дека моето тело не се вклопува. Ова сум што сум, ова е реалната јас, Кејт од Ридинг!

-Да, понекогаш знам да испијам и некој сок од зеленчук, но тоа не значи дека секој ден ќе бидам само на сок. Ниту е здраво, ниту пак тоа ми е начинот на живот, а притоа и многу е досадно.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kate Winslet (@kate.winslet.official) onJul 21, 2020 at 8:08am PDT

-Го прифаќам и сакам своето тело. И правам се' за да го обликувам најдобро што можам.

-Од породувањето, стомакот ми е цел со стрии, градите ми се отечени, а нозете полни со целулит... но и тоа е сосема во ред. Јас сум во ред со тоа. Кога ќе се погледнам во огледало често си велам: „Жено, ти изгледаш фантастично!“. Секако дека не изгледам. Никој не е совршен. Јас дури и не верувам во совршенство. Но верувам во овој став: „Ова сум јас и погледнете како сум несовршена“. На тоа сум горда.

-Никогаш не посакував да бидам позната. Никогаш немав големи амбиции. Никогаш. Секогаш бев групна. Дебелка. И тогаш не знаев ниту една актерка која е дебела.Едноставно, не се гледав себе во тој свет. Знаете како велат: „Еднаш дебело дете, секогаш дебело дете“. Тогаш ве мачи чувството дека со вас нешто не е во ред, дека сте поинакви од останатите. И признавам, се' уште го имам тоа чувство. Често пред себе ќе видам некоја жена како носи тесни фармерки и кратка маица и ќе си помислам, би требало повеќе да се трудам, треба да изгледам вака. Но, тогаш низ глава ќе ми помине мислата: „Хеј, па сигурно ѝ е неудобно и умирна на тие потпетици“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kate Winslet (@kate.winslet.official) onDec 19, 2019 at 6:14am PST

- Мислам дека е важно да сфатиме дека не постои стандард и не можеме да тежиме кон нешто што е нормално, бидејќи не постои дефиниција за нормално. Кога малку подобро ќе погледам, не познавам ниту една жена во моето опкружување која носи ХЅ. Не, извинете, знам. Тоа е мојата ќерка, таа има 11 години.

- Немам ниту еден дел од телото кој го мразам или би сакала да го заменам или изменам, оперирам. Ги сакам моите бутини, своите раскошни големи гради и колкови.

- Додека шетам по улица, сакам да ги набљудувам луѓето. Тогаш низ глава ми доаѓаат мисли како немам совршени гради, како целата сум во облини. Но, ако овие мои искуства ќе им помогнат на жените да почувствуваат самодоверба, тогаш сум среќна, тоа е супер!

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kate Winslet (@kate.winslet.official) onOct 16, 2019 at 10:40am PDT

- Кога бев млада, никогаш не се чувствував привлечно, атрактивно. Најчесто бев несреќна и тоа придонесе да се затворам и повлечам во себе. И знам дека еден дел од мене секогаш ќе ја носи таа грижа како никогаш нема да бидам слаба како другите актерки. Но, полека, со текот на времето, кога почнав да ги реализирам своите најголеми соништа, станував се' поопуштена во врска со своето тело, сваќајќи дека и моето тело е убаво и привлечно. Денеска, воопшто не мислам дека изгледам лошо за жена која два пати раѓала. Но, без оглед на тоа, ниту една жена не би требало да чувствува било каков притисок или да се споредува со друга жена“.

- ...И која е таа идеална фигура која секоја жена би требала да ја има после породувањето? Зарем не се изморувате досадувајќи им на жените по тоа прашање. Никој од нас не е магионичар, кој ќе направи магија и вишокот килограми ќе исчезнат. Оставете не' да го направиме тоа онака како што ние тоа го сакаме.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kate Winslet (@kate.winslet.official) onApr 18, 2019 at 12:56pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kate Winslet (@kate.winslet.official) onMar 27, 2019 at 11:44pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kate Winslet (@kate.winslet.official) onJun 24, 2017 at 12:18pm PDT

Објавено:
5 октомври 2020
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
810 пати