Клаудија Шифер: Беше неверојатно, но не сакам да се вратам во младоста

3 април 2020

Германката Клаудија Шифер беше една од супермоделите кои доминираа на светската модна сцена речиси 30 години. Во текот на кариерата, таа стана и жена со најголем број насловни страни на магазини.

Малкумина знаат дека нејзината желба била да студира право и да работи во фирмата на татко ѝ, но подоцна се вљубува во модата и претходните амбиции паѓаат во вода.

„Откриена“ е во 1987 година, од страна на сопственикот на модната агенција „Метрополитен“, Михел Левантон, кој е и првиот што ја ангажира.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Claudia Schiffer (@claudiaschiffer) onFeb 12, 2020 at 11:07am PST

 Тоа е почетокот на плодната кариера. Денес е синоним на супермодел од 90-тите, кога и беше пикот на нејзината слава.

За таквиот живот и кариера долга три децении, таа неодамна изјави дека има прекрасни спомени и чувства.

„Беше неверојатно. Понекогаш се чувствував како да сум рок ѕвезда. Во некои моменти имавме и обезбедување, бидејќи неверојатен број луѓе сакаа да нè видат, допрат, да се фотографираат. Најлошо беше за време на ревиите, кога редовно ни крадеа долна облека, градници, чорапи... Од големиот број луѓе, не можевме да стасаме и до автомобилите. Во тоа време работев со водечките модни брендови и едноставно не мислев дека ангажманот во видео-спотот на Мајкл Џорџ ќе се вклопи во сето тоа. Ја одбив понудата и сега гледам колку тоа било глупаво“, искрена е Шифер.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Claudia Schiffer (@claudiaschiffer) onFeb 11, 2020 at 10:30am PST

 

За потсетување, во спотот на пејачот се појавуваат Линда Евангелиста, Синди Крафорд, Наоми Кембел, Кристи Тарлингтон и Татјана Патитц.

Сепак, без оглед на сè, вели дека овој живот што го има сега, не би го менувала за тој претходно.

„Сакам достоинствено да стареам. Не ми треба некој да ме ословува со „Убавица“ цел живот. Подготвена сум тој дел од животот да го ставам зад себе. Сега сум во сосема ново поглавје од животот. Некои нови генерации треба да ја преземат палката. Тоа е сосема нормално. Ниту сум љубоморна, ниту пак завидувам. Всушност, некој сега да ми даде апче кое ќе ме врати 20 години наназад, без размислување би го одбила. Трагањето по вечна младост или убавина е залудно и погрешно“, вели 49-годишната Клаудија.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Claudia Schiffer (@claudiaschiffer) onDec 28, 2019 at 10:00am PST

 

Објавено:
3 април 2020
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
2.830 пати
Тагови: 
Клаудија Шифер