Клаудија Шифер прекрасна во тиркизен фустан на премиерата на филмот за Елтон Џон

30 мај 2019

Германскиот супермодел Клаудија Шифер и нејзиниот сопруг Метју Вон се појавија вчера на премиерата на филмот „Rocketman“ во Њујорк.

Шифер, која ретко може да се види во медиумите и  на јавните настани, се појави во долг фустан во тиркизни нијанси, совршена асоцијација на лето и море.

Половината е истакната со ремен, а деколтето е со V-израз, додека задниот дел е збогатен со плашт.

Нијансите на фустанот совршено доаѓаат до израз благодарение на русата коса, која е едноставно исфенирана. Шминката е исто така природна и дискретна, а изгледот е заокружен со алка , дискретно ланче и металик клач чанта. 

Нејзиниот сопруг пак, се појави во темносино сомотско одело, сина кошула и џинс, како и капче во слична нијанса и патики.

Инаку, 48-годишната Клаудија е извршен продуцент на филмот, а претходно ја имала истата функција на четири други филмови на нејзиниот сопруг, со кој заедно се 17 години и имаат три деца.

„Rocketman“ е музички филм, каде во фокус е ставен животот на Сер Елтон Џон (72), а насловот е инспириран токму од неговиот хит од 1972 година „Rocket Man“.

Тарон Егертон ќе го толкува ликот на Џон. Во филмот ќе бидат опфатени и раните музички денови на ѕвездата. Филмот ја доживеа својата прва премиера за време на годинашниот Кански филмски фестивал.

 Тарон Егертон (лево) како Елтон Џон

Објавено:
30 мај 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
2.018 пати