Кога Кристи Тарлингтон и Иман позираат заедно...

25 октомври 2019

За многумина, двете најубави жени на светот, Кристи Тарлингтон и Иман беа неодамна заедно на „FGI Night of Stars Gala“ во Њујорк.

Со самото нивно појавување го привлекоа вниманието. 

Кристи (50) се појави во црн коктел фустан, со долги ракви и набори во делот околу половината и стомакот. 

Здолништето е на преклоп, па ги открива нозете. Фустанот го искомбинира со црна клач чанта, сандали на врзување и црвен кармин, кој често е нејзин избор. 

Од друга страна пак, Иман (64), ги истакна своите модели. Таа се одлучи за долг фустан кој ја следи линијата на нејзиното тело. Во горниот дел има вркстени ленти, што го прават уште повпечатлив. Изгледот го заокружи со сандали и со впечатлив накит.

 Секоја во склад со својот стил покажа дека во секоја од декада од животот изгледа прекрасно и женствено, па не е за изненадување што сè уште го привлекуваат вниманието каде и да се појават и се пример за тоа како изгледа реална жена.

 

Објавено:
25 октомври 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
865 пати