Кога ти е удобно во своја кожа: Хелен Мирен боса трчаше на писта

30 септември 2019

Во рамки на Париската модна недела, викендов се славеше жената и убавината. Брендот „Лореал“ во саботата направи дефиле со амбасодорите. Ева Лонгорија, Енди Мекдауел, Шерил Твиди, Камила Кабељо се само дел од оние што се појавија на пистата.

Сепак, сето внимание го украде Хелен Мирен. Таа на пистата излезе во прекрасен свилен фустан со принт, со минимална шминка, трчајќи боса.

Насмевката на лицето покажа дека 74-годишната актерка е во одлична форма и дека ѝ е удобно во својата кожа.

Фотографијата ја сподели и на својот Инстаграм профил, коментирајќи дека буквално „одлетала“.

Инаку, на пистата се појавија вкупно 32 жени од различни професии - актерки, модели, пејачки, а носеа креации од десет познати брендови, вклучувајќи ги „Балман“, „Карл Лагерфелд“.

Погледнете:

Eva Longoria

Aja Naomi King

Amber Heard

Camila Cabello

Soo Joo Park

Cheryl Tweedy

Doutzen Kroes

Geri Halliwell

Aishwarya Rai

Liya Kebede

Andie MacDowell

Cindy Bruna

Iris Berben

Caroline Receveur

Mahira Khan

Stefanie Giesinger

Davika Hoorne

Iskra Lawrence

Elsa Pataky

Alanna Arrington

Daniella Rahme

Објавено:
30 септември 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
1.853 пати