Кралицата Летиција (49) во мини бохо фустан – летна инспирација за жени на секоја возраст

8 август 2022

Ако на жена добро ѝ прилега тоа што го носи и е во склад со нејзината фигура, стил и карактер, годините не се ограничувачки фактор.

А шпанската кралица Летиција, многупати тоа го има потврдено, вклучително и со последниот пример кога беше фотографирана на Палма де Мајорка, во неформално издание и во опуштена атмосфера.

На себе носи мини лелеав бохо фустан, во розови нијасни, комбиниран со еспадрили во слична розова боја.

Со овој стилски избор, таа е инспирација за секоја жена независно од возраста, пример како и во петтата деценија од животот може да носите мини, ако тоа е соодветно на приликата, на вашата фигура и пред се ако изборот на ваков модел соодветствува на вашиот личен стил и карактер.

На истата фотографија се и нејзините две ќерки, кои исто така носат мини лелеави фустани, како аналогија која покажува како возраста не е ограничувачки фактор кога модниот избор е во прашање.

За поздрав е и модниот избор и на поранешната кралица Софија (исто така забележана на една од фотографиите), која на себе носи трендовски сет со геометриски принт во комбинација со бела свилена маичка – свежо, впечатливо, а истовремено елегантно.

Три различни генерации на дами, со подеднакво добра смисла за мода.

Фото: Инстаграм @royaladdicted_new, @royal.obsessed

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Royal Obsessed (@royal.obsessed)

Објавено:
8 август 2022
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
1.993 пати