Кралицата Максима во стајлинг кој одлично ги сокрива килограмите

17 јули 2020

Кралицата на Холандија, Максима, неодамна присуствуваше на дигитален настан на кој се доделуваат општествените награди „Appeltjes van Oranje“ , а таа е беше една од добитниците.

За пригодата, Максима се појави во мошне впечатлив стајлинг, а притоа совршен за оние што сакаат да го сокријат вишокот килограми, односно критичните места.

Кралицата одбра комбинација во интензивна пинк нијанса од брендот „Natan Couture“, која се состои од панталони со висок струк и со широки ногавици и кошула со широк крој.

Кошулата, односно туника, во предниот дел има V-израз кој визуелно издолжува, додека пак, ракавите под лакт ќе ви ги сокријат рацете, доколку не сакате да ги покажувате.

Интересно е што кралицата се одлучила предниот дел од кошулата да го вовлече, а задниот да го пушти, со што визуелно го намалила задникот и колковите. Ваквиот начин на носење кошули помага и при визуелното сокривање на страничните делови т,н. “перничиња“ кои веруваме ниту една жена не ги сака.

Високите потпетици во беж нијанса уште повеќе придонесуваат за издолжување на фигурата.

Ова е доказ дека долгите класични фустани не мора секогаш да се прв избор за свеченост и дека колку умеете правилно да одберете и да му направите услуга на телото, секоја комбинација на вас ќе изгледа добро.

 

фото извор: @_royal_families_;

Објавено:
17 јули 2020
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
1.078 пати