Кралицата на Холандија е и кралица на стилот - носи аутфит за пример

1 јуни 2020

Покрај Кејт Мидлтон, Меган Маркл, кралицата Летиција, на ова елитно друштво се придружува и кралицата на Холандија, Максима.

Со секогаш добро одмерен изглед, прилагоден и на функцијата и на пригодата, 49-годишната кралица покажува изразен моден став што говори многу за нејзиниот карактер.

Фото: Profimedia

Далеку од стерилноста на „сигурните" аутфити, оваа кралица прифаќа модни предизвици, но секогаш во согласност со одговорноста на титулата што ја носи.

Една е од првите благородници што реши онлајн комуникацијата да ја замени со теренска активност, по ставањето на ситуацијата со пандемијата во контролни рамки.

На едно од своите први јавни појавувања, по пандемијата, при посета на установи за храна, болници и домови за стари лица, таа донесе пријатно освежување со аутфит што е олицетворение на нејзината женственост.

Се работи за миди фустан, во сафари-беж нијанса, со волуменозни ракави и нагласен струк со ремен – дамска комбинација до перфекција.

 

Објавено:
1 јуни 2020
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
2.830 пати