Кристи Тарлингтон освојува со природноста и класичната убавина

11 август 2018

Супермоделот од 90-тите, Кристи Тарлингтон веќе не може често да се види во јавноста. Не се појави дури ниту на ревијата што Донатела Версаче ја направи во чест на нејзиниот брат, потсетувајќи ги сите на легендарното шоу од 90-тите, со тогашните најпопуларни модели - Клаудија Шифер, Синди Крафорд, Наоми Кембел, Хелен Кристенсен и Кристи Тарлингтон. На нејзиното место тогаш се најде Карла Бруни.

Токму затоа и секое нејзино појавување предизвикува посебно внимание. Таа недодамна беше на #BlogHer18 Creators Summit во Њујорк, како специјална гостинка, а со својата појава ги воодушеви сите.

Во плисиран црно-бел фустан со миди должина и црна летна околу половината и црни рамни сандали, 59-годишната Тарлингтон ја истакна својата совршена фигура.

Она што уште повеќе воодушевува е природноста на изгледот, пред сè на лицето, како и скромноста која ја поседува иако според многумина важи за една од најубавите жени во светот. Таа е една од малкуте што останаа доследни на природната убавина и нега, а тоа го докажа и сега, појавувајќи се со минимална шминка на лицето. Кон крајот на 1990-тите, моделот дипломираше на Универзитетот во Њујорк на книжевност и после големата популарност, се повлече од јавноста.

Таа во една пригода изјави дека многу ретко се шминка, а дека ботоксот и пласитчните операции не се нејзин предмет на интерес. 

„До неодамна сите тие работи не ни постоеја, колаген и останатите нешта што луѓето ги користат за да се подмладат, а кои не можам ни да ги замислам. Јас немам време за сето такви активности, а и мислам дека тоа и не изгледа воопшто добро. Можеби би размислувала поинаку ако на крајот тоа дава убав ефект и изглед, да не боли или да не им праќа лоша порака на младите. Но, сè уште не видов некој кој го направил тоа, а да ме натерал да помислам - хеј, па тоа е добра идеја" изјави за магазинот „Town & Country".

Косата е со средна должина и залижана наназад, истовремено и класично и модерно.

На настанот на кој присуствуваше, со сенаторката на Њујорк, Кирстен Џилибранд, разговараше за правата на жената кога е здравството во прашање, но и за тоа дека жените во Њујорк имаат 12 пати поголем ризик од умирање како последица на компликации во бременоста, поради инситуционален расизам.

Покрај Кристи, на самитот се појавија и зборуваа и Џесика Алба, Габриел Јунион и Узо Адбуа.

Објавено:
11 август 2018
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
663 пати
Извор: 
daily mail