Линда Евангелиста наполни 55 години – блеска и во шестата деценија!

11 мај 2020

Таа беше дел од супериорната постава топ модели од 90-те. Остави незаменлив траг во моделингот, па иако се повлече од јавната сцена и денес нејзиното име се спомнува во контекст на жена со вонземска убавина.

Линда Евангелиста вчера наполни 55 години и во шестата деценија блеска како и пред 30 години.

Годините се само бројка, е сосема оправдана фраза во нејзиниот случај.

Но, нејзиниот изглед не подразбира само природна убавина, туку и постојана нега и одржување на виталноста на телото и духот.

Во неколку наврати има кажано дека редовно посетува козметичар, а особено внимание посветува на исхраната. Дисциплинирано се придржува на своите ритуали за убавина, а не крие дека тие вклучуваат и умерени естетски корекции, односно примена на ботокс.

„Од пресудна важност е нашата исхрана да ја одржува ph рамнотежата на телото, да биде здрава и да има доволно хранливи елементи. Внимавам што јадам, но понекогаш си дозволувам и исклучок", ќе каже во една прилика, додавајќи дека балансот е клучен.

Се навраќаме на сегменти од нејзините најблескави моменти.

 

 

Објавено:
11 мај 2020
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
1.274 пати