Мајката на Енрике Инглесијас во осмата деценија е една од најмодерните дами во Шпанија

23 август 2022

Мајката на Енрике Инглесијас, 71-годишната Изабел Прајслер, неодамна се појави на јавно културно случување во Мадрид и остави силен моден печат проследен со воодушевување и позитивни коментари во јавноста.

Носеше флорален, бохо фустан од Zimmermann и тоа беше сосема доволно да се најде во содржините на светските модни медиуми.

Изабел Прајслер е поранешен модел, новинар и тв водител. Родена е на Филипините, во богато семејство со повеќе браќа и сестри. Низ долгогодишната кариера како модел, што ја започнала уште во тинејџерските години, успеала да се закити со бројни титули за убавина.

По завршувањето на правните студии, ја започнува својата новинарска кариера во Шпанија. Меѓу другото, работела и за шпанскиот магазин „Hola". Поматаму, ја продолжила кариерата како тв водител на популарното телевизиско шоу „Hoy En Casa".

Важела за добар новинар, прославувајќи се со силната новинарска етика и посветеноста на хуманитарните дела. Британското кралско семејство во почетокот на 2000-те и ја додели почесната награда „Women Together" и стана првата жена од Филипините која ја имала таа чест, рамо до рамо со Шакира, Јоко Оно, Хилари Клинтон...

Нејзиниот љубовен живот пак бил бурен и непредвидлив. Стапила во брак неколку пати, а од првиот со Хулио Енглесијас, го има синот Енрике Инглесијас.

Неколку пати била прогласувана за една од најдобро облечените жени во Шпанија. И до денес ја носи таа титула, бидувајќи инспирација и стилска мотивација за жените на различна возраст.

Грациозна, елегантна, со сите физички предиспозиции што ги ужива, навистина ретко кога нешто не ѝ прилега.

Во џинс и дводелни одела во неформални прилики, па се до луксузни и светкави тоалети на црвениот тепих, подеднакво добро ја носи женственоста независно во кој период од животот.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
23 август 2022
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
8.213 пати