•
2 декември 2019
Деновиве низ интернет просторот вирално се споделува фотографија од 61-годишната Мишел Фајфер без шминка.
Нејзините фанови, но и јавноста генерално, се воодушевени од изгледот на актерката во седмата деценија од нејзиниот живот.
Таа фотографијата без шминка ја објави на својот профил на Инстаграм, со која предизвика масовно внимание и позитивни коментари и реакции за нејзиниот природен и одржуван изглед.
„Поради тебе му се радувам на стареењето", „Те обожувам", „Најубава си вака природна", се само дел од коментарите под фотографијата.
Мишел Фајфер важи за една од најубавите, но и најуспешните актерки од својата генерација во Холивуд.
View this post on Instagram
View this post on Instagram