Мишел Фајфер со личен пример го поддржува природниот изглед кај жените

6 април 2020

Една од најмаркантните холивудски актерки, 61-годишната Мишел Фајфер, покрај успешната кариера, светот ја препознава и по нејзината природна убавина.

Низ годините во својата јавна професија таа го задржа тој белег на препознатливост, дури и во време на извештачена и синтетичка убавина.

На нејзиниот профил на Инстаграм постојано објавува фотографии од неа без шминка, со што ги охрабрува и стимулира жените да се прифатат во своето природно издание, зошто впрочем природноста ја потенцира нашата индивидуалност. А сето тоа нè прави убави и посебни.

Истовремено, таа го користи својот профил како канал преку кој комуницира со своите фанови, често споделувајќи совети од лично искуство или пак едноставни моменти од нејзиниот секојдневен, приватен живот.

 

 

Објавено:
6 април 2020
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
4.336 пати