Мода 40+: Инспиративниот летен стил на мајката на Илон Маск

10 јули 2020

Меј Маск, 72-годишната модна икона, бизнис жена, писателка, модел и мајка на иноваторот и технолошки генијалец Илон Маск, е дама кај која може да побарате инспирација од секој аспект.

Тоа што пребродила тешки животни околности и испливала како жена која сака и знае како да го живее животот, а патем негува и фантастичен стил, ја издвојува како лик што секогаш има што да каже и покаже.
Активна е и на социјалните мрежи што ги користи и како канал за комуникација со публиката, а особено Инстаграм каде редовно објавува моменти од нејзиното секојдневие што вклучуваат и инспиративни модни комбинации што може да ги применат како идеи жени од различни возрасни групи.

Нејзинот стил е прочистен и софистициран, но секогаш со нота на авангарден шмек доловен преку модните додатоци, изборот на ткаенини или принтови.

Забележливо е присуството на младешкиот дух кој таа одлично знае да го носи покрај елеганцијата која е основата на нејзиниот имиџ.

Ова лето Меј Маск е расположена за бои, што може да се забележи и во нејзините последни објави на Инстаграм.

Издвоивме неколку свежи, комбинации кои го потврдуваат нејзиниот статус на модна икона.

Објавено:
10 јули 2020
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
2.554 пати
Тагови: 
Меј Маск 40+