Мода 40+: Елеганција во патики

20 октомври 2020

Елеганцијата не исклучува патики. Напротив, актуелната модна клима е сосема погодна за комбинации што дефинираат елеганција и се комплетирани токму со патики.

А елеганцијата во патики пак, не ги исклучува средовечните жени. Напротив, „правилата" во стилот не ги диктираат годините, туку личните погледи.

Затоа, не беше воопшто комплицирано во актуелната улична мода да најдеме бројни примери на 40+ жени што точно знаат како патиките може да се вметнат во елегантен, дамски и модерен изглед.

Самодовербата пак со која се носат игра клучна улога која ќе ве убеди како и со најелегантното парче од вашиот плакар може да споите патики, а тоа да резултира со беспрекорен финиш.

Само неколку идеи што може да ги позајмиме од овие 40+ дами, а може да се искористат во стилот на жените без разлика на која генерација ѝ припаѓаат, се и комбинациите што вклучуваат патики со елегантни мантили, дводелни костуми, плисирано здолниште со блејзер нагласен со ремен околу половината, со сафари комбинезон или пак панталони со висок струк и кошула, надополнети со дискретен накит...

А еве како идите изгледаат и на фотографија.

 

Објавено:
20 октомври 2020
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
8.754 пати