Мода 40+: Стилистката Рејчел Зое ги носи најатрактивните бохо комбинации

22 декември 2020

Нејзини клиенти се познатите холивудски ѕвезди, а и самата е дел од светската модна елита која има голема улога во диктирањето на тенденциите. Стилистката и дизајнерка Рејчел Зое, една од најпопуларните во својата сфера, е познато дека во личниот имиџ преферира бохо естетика и знае како совршено да ја носи.

Затоа, ако сте фан на бохо стилот, таа е вистинската личност која преку личен пример може да ве инспирира, независно на која возрасна група и припаѓате.


Многу накит, впечатливи шапки, очила, марами, макси фустани со изразен принтови, ѕвонарки, дводелни костуми, лежерни кроеви, високи платформи сетоа она што потсеќа на модата на 70-те, Рејчел го адаптира на актуелните тенденции и му дава современа нота.


Токму затоа, секогаш е своја и уникатна, а јавните личности во Холивуд се огледуваат на нејзината индивидуалност.


Доколку ви е блиска бохо естетиката, ѕирнете како Рејчел ја носи на себе, па зошто и да не примените некој моден трик што таа го практикува.

Објавено:
22 декември 2020
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
1.524 пати