Моден погодок или грешка на Енди Мекдауел?

15 ноември 2018

Познатата актерка Енди Мекдауел (60) неодамна присуствуваше на настанот „Жена на годината на Гламур“ во Њујорк, а вниманието го привлече со својата беспрекорна линија и изглед.

За пригодата, Мекдауел се појави во креација на Ели Сааб, од пред-есенската колекција. Се работи за долг фустан, во долниот дел со транспарентен тул, односно тантела, како и во делот на деколтето, додека централниот дел е во форма на пеперутка.

Таа го искомбинира со металик златна јакна и сандали на ремчиња. Кога е фризурата во прашање, остана доследна на нејзината кадрава и пуштена коса.

Фустанот секако привлекува внимание, а доказ за тоа се и многуте коментари кои ги предизвика Енди.

Некои сметаат дека актерката изгледа фантастично и дека овој храбар избор е само уште еден начин да го покаже тоа и да излезе од шаблонот и стереотипите дека жените после 60-тата не се повеќе привлечни и секски.

Од друга страна, други сметаат дека изборот на фустан и не е најсреќен бидејќи не соодветствува на нејзината возраст и тоа дека е дама. Постојат и коментари дека креацијата е младешка и совршена за жени од други генерации.  

Што мислите вие?

Објавено:
15 ноември 2018
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
478 пати