Модна блогерка 40+: Единствен случај кога „годините“ се битни е кога бирате вино или сирење

11 септември 2020

„Мене годините не ме дефинираат. Единствен случај кога „возраста" е битна е кога бирате вино или сирење. А јас целам да ви покажам сè помеѓу", вака 55 годишната модна блогерка по потекло од Сиднеј, Австралија, Стела, ви посакува добредојде на нејзиниот Инстаграм профил што изобилува со неверојатни комбинации пропратени со мотивирачки пораки.

На еден од неодамна објавените постови, Стела објаснува како на 55-годшна возраст започнува нова кариера како агент за недвижнини, упатувајќи на тоа дека никогаш не е доцна да ги истражувате своите професионални можности и амбиции.

Во однос на имиџот, препознатлива е по седата коса и по урбаниот и без лимит пристап кон тенденциите, секогаш имплементирајќ ги на својствен начин во нејзиниот имиџ.

Често бира женствени, еднобојни фустани, надополнети со накит, јакна или впечатливи чевли. За поздрав е и нејзиниот деловен стил, што повторно не ја исклучува женственоста.

Позитивен пример како потврда на она „годините се само бројка".

 

Објавено:
11 септември 2020
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
7.503 пати