Една од најуспешните актерки во Холивуд, Никол Кидман, денеска го прославува 53. роденден. Многупати досега се нашла на листите и за најубави, но и најдобро облечени жени.

Таа е една од оние за кои се вели дека изгледаат како да се од кралско семејство. За тој впечаток може да им заблагодари на специфичната убавина, беспрекорниот дамски стил, софистицираноста, умереноста во движењата и говорот.

Модните индсајдери ѝ го дадоа епитетот и „Кралица на црвениот килим“. Тешко е да се победи Кидман на оваа територија.

А сè некако започна, или барем сеќавањата започнуваат од „Оскарите“ во 1997 година.

 Никол Кидман на црвениот килим на оваа манифестација го придружуваше тогашниот сопруг Том Круз. Таа се појави во златна креција на Џон Галијано, кој тогаш беше креативен директор во „Диор" и таа креација беше од неговата прва колекција од Висока мода. Овој, денес култен фустан, тогаш беше предмет на потсмев и критики. Легендарната Џоан Риверс јавно ја критикуваше Кидман, повикувајќи ја да ѝ каже од каде го нашла овој „фустан во одвратна боја".

Но, ќерката на Џоан, Мелиса, години подоцна ќе изјави дека всушност тоа е првиот вистински фустан од Висока мода на црвениот килим. Со везени детали во горниот дел, изработен од свила и со шлицеви од страните, овој фустан доби и реплики од 250 долари во „Мејсис" и другите „улични брендови" и изврши огромно влијание и врз модата генерално, но и врз модата на манифестацијата. Никол Кидман пак, стана модна икона и вистинска кралица на ваквите манифестации, и покрај тоа што тогаш беше јавно исмејувана.

А потоа речиси и да немаше грешка. Таа е една од „модните кралици“ и на Канскиот филмски фестивал. Никогаш премногу разголена, секогаш со креација која привлекува внимание - некогаш поради кројот, некогаш е бојата таа што ве тера да ја запомните, некогаш ткаенината, а понекогаш и сите овие елементи заедно. Но, ниту креациите не би биле толку впечатливи да не умее Кидман да ги носи на така „кралски“ начин.

„Таа отсекогаш имала добро чувство за избор на фустан за која потоа сите ќе зборуваат" е заклучокот на бројни модни стручњаци. Самата нејзина појава е подобра промоција за дизајнерите од било каква реклама.

Како и многу други жени и таа се обиде да ја „замрзне“ младоста, но пред некоја година изјави како завршила со ботоксот. Често во медиумите знае да ја потенцира моќта која жените после 40-тата или 50-тата година од животот ја поседуваат.

Во продолжение ќе се потсетиме на нејзините модни трансформации, но и на некои изјави кои се однесуваат на модата, животот, убавината...

За годините и минливоста на времето...
Навистина внимавам на времето. Имам две мали ќерки на кои постојано им требам. Затоа се трудам да поминувам што повеќе време со нив. За среќа, имам прекрасен сопруг, кој истовремено е и прекрасен татко на моите девојчиња. Колку сум постара, толку повеќе сфаќам колку времето е драгоцено, и дека постојано немам доволно време, но имам уште многу работи и цели што сакам да ги остварам.

За новите почетоци...
Мојата сестра дипломираше право на 48 години. Роди и израсна шест деца и потоа рече дека сака да направи нешто за себе. Следеше онлајн настава и сега се занимава со социјално право. Таа е мојата инспирација. Денес, кога ќе влезеш во 40-те или 50-те години во својот живот, тука животот не застанува – секогаш постои нова можност да се промени се од темел и да израснеш во нова личност. Да ја создадеш новата ТИ. Во животот немаш само една шанса, напротив, има многу шанси! И никогаш не е предоцна да ја промените насоката во која се движите, ако почуствувате дека треба да го направите тоа.

За кариерата...
Бев навистина успешна актерка. Па родив, се песелив во Нешвил, почнав да одбивам улоги за да не ги оставам децата. Создадов семејство полно со љубов. Па одлучив да се вратам на професионалниот живот. Но, никој не ми нудеше сериозни, „длабоки" улоги. Затоа одлучив да отворам своја продукциска куќа и сама да си ги создавам приликите.

За најтешката улога во кариерата...
Сум играла во многу тешки, силни емотивни филмови – и секогаш такви и сум барала. Сакам да ги откривам своите сопствени можности и граници, мислам дека тоа помага во личниот развој, не само во однос на кариерата, туку и приватно.

За ботоксот...

Испробував многу работи. Но, освен добрата исхрана и спортување, голем дел другите од работи не му помагаат на вашиот изглед, барем не долгорочно. Пробав и ботокс, но воопшто не ми се допадна како изгледаше моето лице потоа. Сега веќе не го користам и конечно можам повторно да правам гестикулации и да го движам лицето. Драго ми е што можам да кажам колку години имам и не се обидувам тоа да го сокријам.

За работата и жените 40+...

Колку е прекрасно што денес нашите кариери можат да продолжат и после 40 години. Пред 20 години, во овој период од животот нашите кариери завршуваа, но тоа не е случај денес. Ние докажавме, овие актерки докажаа, а и многу други сè уште докажуваат дека ние сме силни, моќни и способни.

Ја молам индустријата да застане зад нас, затоа што нашите приказни конечно се раскажаа. Ова е само почеток и горда сум што сум дел од заедница што поттикнува промени, но исто така ги молам писателите, режисерите, студијата и финансиерите, да вложат страст и пари во нашите приказни. Докажавме дека можеме сè уште да го правиме ова, но само со поддршката од индустријата, парите и вербата и страста

 

Објавено:
20 јуни 2020
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
920 пати