Модниот трик на најдотераните први дами

29 октомври 2020

Едни од најчитаните текстови на речиси сите модни медиуми се оние токму за стилот на првите дами. Од нив се очекува да покажат елеганција, но и модна освестеност, со што нивните модни избори нема да бидат досадни.

Меланија Трамп многу од американските дизајнери и модни куќи ја бојкотираа, со цел да го изразат своето незадоволство што токму нејзиниот сопруг е претседател на САД.

Сепак, ако реално се анализира нејзиниот стил, таа изминативе години беше олицетворение на елеганцијата и женственост. Покажа и модна смелост и несекојдневни избори, но и модни класици со кои нема грешка.

Ненси Реган

Џеки Кенеди ја нарекуваат „првата дама која го донесе стилот во Белата куќа“. Мишел Обама направи модна револуција со доминација на фустаните и смелите бои. Смелите бои беа препознатливост и за елегантната Ненси Реган.

Брижит Макрон пак е позната по капутите и здолништата над колена, што често се толкува како модна смелост и поради нејзината возраст, туку и поради функцијата која ја има.

Но, сите овие имаат заеднички моден трик - еднобојни комбинации.

Зошто се добар избор:

-Изгледаат поелегантно, дури и кога кројот е класичен

-Визуелно можат да ве направат повисоки

-Погодни за комбинации со модни додатоци

-Сигурен избор кога не сте сигурни што да облечете.

Покрај ова, капутите и мантилите се задолжителни парчиња во гардероберот. Ако ги носите со ремен, ќе ја истакнете половината уште повеќе.

Но, доколку сакате визуелно да го намалите обемот на вашата фигура целосно, тогаш подобро носете ги откопчани и со струкиран крој. 

Очилата за сонце често се неизоставен моден додаток. А со вистинскиот избор, ќе му дадете на вашиот изглед уште неколку поени.

Заклучокот е дека колку поедноставни и посведени парчиња, толку поизразена елеганција и добар моден избор.

А фотографиите го потврдуваат тоа.

 

фото: Instagram.com;

Објавено:
29 октомври 2020
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
4.507 пати
Тагови: 
први дами