„Мора да останаме кул“ - порача Селма Хаек во бикини

20 јануари 2021

Можеби не е една од најдотераните жени во Холивуд, често е на листите на најлошо облечени, но сепак е една од омилените актерки.

Една е од ретките која отворено зборуваше за стареењето и призна дека ослабениот вид и фактот дека мора да носи очила длабоко ја погодило, бидејќи тоа е еден од знаците дека веќе не е млада.

Но, ако судиме по нејзината енергија и изглед, макар тој на социјалните мрежи, изгледа фантастично.

Овие студени денови ги поминува на сонце и покрај вода, а последната нејзина објава успеа да собере преку милион лајкови за кратко време.

„Мора да останеме кул“, порача актерката позирајќи во црн костим за капење. 

Инаку, на нејзиниот инстаграм профил доминираат фотографии во костими за капење и оние на кои Селма е без шминка, со кои покажува дека одлично се чувствува во својата кожа:

 

Објавено:
20 јануари 2021
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
453 пати