Неколку причини зошто го обожуваме стилот на Џенифер Анистон

11 февруари 2021

Покрај фризурата на Рејчел која е можеби најкултната фризура од минатиот век, постојат повеќе причини зошто Џенифер Анистон има стил кој ќе сакате да го копирате.

Како прво, фактот дека изгледа одлично за своите 52 години, укажува на тоа дека се грижи за своето здравје и редовно вежба. Токму затоа, без да изгледа недолично или вулгарно, Анистон може да си дозволи да облече кожен краток фустан и притоа да изгледа ултра модерно, секси и софистицирано.

На црвениот тепих има доста комплетни модни погодоци, а најчесто се одлучува за еднобојни тоалети кои убаво ја дефинираат нејзината фигура.

 Во секојдневниот живот, може да се забележи дека Џен е фан на неколку основни парчиња: добар блејзер, пар фармерки, црни чизми, крем капут и кардиган.

Објавено:
11 февруари 2021
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
2.737 пати