Oui Madame! Блогерки откриваат како до француски стил за 40+ дами

25 февруари 2021

Според француските блогерки, 40-те години се вистинско време за мода. Тогаш жената најдобро се познава себеси - што сака, а што не. И ако има вистина во она тврдење дека убавото облекување е уметност која се учи низ годините, тогаш време е да заборавина на фијаско моментите од 20-те и 30-те, бидејќи забавата започнува со 40-те. 

Следните неколку совети, доаѓаат од 4 прекрасни француски блогерки над 40-та година во својот живот, кои го имаат беспрекорно усовршено стилот на Парижанките. Без понатамошно должење, еве што негуваат Инес де ла Фресанж, Каролин де Маигрет, Карин Роитфелд и Валери Трибе, амбасадорките на беспрекорниот француски стил на облекување:

Стилски совет #1

Инвестирајте во едноставни безвременски парчиња и комбинирајте ги со интересни додатоци како впечатливи чевли, чанти, накит.

Стилски совет #2

Фармермите се интегрален извор од гардероберот на секоја Парижанка. Пронајдете го моделот кој одговара на вашата фигура. А најдобар начин да ги носите фармерките? Со блејзер, уште едно безвременско парче.

Стилски совет #3

Инспирирајте се од машкиот гардеробер. Носете едноставни и софистицирани одела.

Стилски совет #4

Блузата на тегет и бели пруги, уште попозната како бретон блуза е класично парче кое одлично стои со фармерки и патики за секојдневен опуштен изглед.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Valerie Tribes (@valerietribes)

Стилски совет #5

Одлучете се за минимализам, на сметка на екстравагантни детали.

Стилски совет #6

Најважно од сè е да останете доследни на себе. Најважниот совет за облекување во 40-те, 50-те и понатаму е да се чувствувате добро и удобно во сопствената кожа. Ако ви се допаѓа мантилот со принт од излогот - купете го. Комбинирајте го со едноставни еднобојни парчиња и совршено сте облечени.

Објавено:
25 февруари 2021
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
4.030 пати