Овие Србинки имаат над 40 и се супер стилски блогерки!

28 март 2019

Ако мислевте дека социјалните мрежи се резервирани само за помладите, тогаш дефинитивно грешите. Овие две прекрасни дами го докажуваат токму спротивното и секојдневно нѝ покажуваат дека после 40 – тата се случува една прекрасна стилска приказна.

Тие се целосно остварени, шармантни и навистина посебни дами кои секој ден се вистинска инспирација дека стилот може да го пронајдете и после 40 – тата и да изгледате уникатно.

Она што е интересно е тоа што овие дами не се опседнати со модните трендови, туку имаат свој сопствен стил, комбинираат класични и шик парчиња и знаат што им прилега, а што не.

Една од овие жени е прекрасната Билјана Марковиќ Миљаковиќ која е сопственичка на неколку продавници во Белград, Виена, Анталија и Москва.

Нејзиниот стил е навистина посебен, а тоа може да се заклучи и од фотографиите што секојдневно ги објавува на Инстаграм од неодоливите места на кои постојано патува.

Иако таа носи многу тренди парчиња, на секоја комбинација ѝ додава посебен печат со некој интересен детаљ како впечатлива чанта, накит, очила за сонце, шапка, марама и слично.

Веројатно веќе ја знаете Жаклина Беридо Писано, Србинка која долги години живее во Италија, има 30 – годишна ќерка и две внуки.

Таа стана ултра популарна за многу кратко време, а интернет корисниците ја нарекуваа „најзгодната баба на светот“, со оглед на тоа што има 50 години и изгледа вака.

Жаклина денеска е една од најпознатите модни блогерки во светот, има повеќе од половина милион следбеници, а за нејзиниот стил ќе каже дека е мешавина од сите земји во кои досега има живеено.

Погледнете како изгледаат овие прекрасни дами кои се вистинска инспирација за сите жени над 40 години.

Инфо: Zena.blic.rs Фото: Instagram

 

 
View this post on Instagram

Boravak u Parizu navodi da i sami budemo elegantni . . #france #chic #elegant #style #fashion #ootd #streetstyle #cool

A post shared by Chiccowien (@chiccowien) onFeb 21, 2019 at 10:53pm PST 

Објавено:
28 март 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
6.636 пати