Пластични хирурзи објаснуваат што е со лицето на Деми Мур

4 февруари 2021

На неодамна одржаната модна недела за Висока мода во Париз, ревијата на „Фенди“ не беше коментирана за креациите толку колку што беше за изгледот на Деми Мур.

Имено, актерката на пистата се најде во друштво на уште неколку познати личности - Кејт Мос, Бела Хадид, Кара Делевињ и успеа да го привлече вниманието и тоа со чудниот изглед на лицето.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Maraaz.Com (@maraazcom)

Коментарите на социјалните мрежи се дека Мур, која важеше за една од најубавите жени, овој пат претерала со пластичните корекции.

Од „Дејли Мејл“ побараа мислење од неколку стручни лица, дали Деми навистина има естетски корекции или се работи за шминка, а еве го нивното мислење.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@seviyorum.mg)

Ми изгледа како актерката да се подвргнала на повеќе од еден третман за промена на лицето. Но, сепак сметам дека најголемиот дел од нејзиниот изглед е благодарение на шминката и светлото. Сепак, нејзината драстична промена упатува на тоа дека отстранила преголемо количество маснотии од јаболчниците и додала премногу филери во образите“, вели доктор Кореј Харман, дерматолог.

Останатите четири доктори сметаат дека Деми претерала со инјектирање филери и ботокс, а пластичниот хирург Рајан Најнштајн, смета дека се работи за нешто друго.

„Многу од младите жени бараат високи јаболчници, „вовлечени образи“ и сенка преку образите, што во моментов е популарен изглед на социјалните мрежи кој често и го копираат со помош на шминка. Еден од најочигледните зафати на лифтинг на лице е токму владбнатината на образите или „џокер“ линија, додека пак, некои хируршки изведби во кревањето на лицето можат да дадат таков изглед. Сепак, верувам дека Деми Мур во овој случај само ги има вовлечено образите, за потребите на ревијата“.

Актерката не дава никакви коментари на оваа тема, но фотографиите кои ги објавува на Инстаграм, посебно онаа заедничка со Кристи Тарлингтон, Кејт Мос и дизајнерот Ким Џонес, се во склад со ова што го зборува Најнштајн  - таа изгледа многу „понормално“ отколку на писта.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

Без разлика во што ќе верува публиката, Деми го истористи овој момент и го исполни својот тинејџерски сон - да биде модел, па макар и на кратко и тоа со значително медиумско внимание.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

 

Објавено:
4 февруари 2021
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
24.337 пати
Тагови: 
Деми Мур