Иако е една од најпознатите лица во музичката индустрија, неа не можеме многу често да ја видиме во јавноста или кога ја гледаме, најчесто лицето ѝ е покриено.
Викендов имавме можност да посведочиме дека 43 годишната Сиа изгледа навистина прекрасно и дека има беспрекорен стил што совршено ѝ прилега.
Пејачката и текстописец во неделата се појави на Daily Front Row Awards во кусо црно фустанче со впечатливи карнери и во истото изгледаше навистина прекрасно.
Фустанот таа го надополни со сандали на висока потпетица во портокалова нијанса, впечатлива шминка со црвен кармин и фризура собрана во висока пунџа.
Таа беше номинирана на неодамнешните Греми награди во категоријата најдобар ремикс, но за жал не ја освои статуетката.
За сите нејзини обожаватели, во 2018 – тата таа закажа само еден настап и тоа на фестивалот Fuji Rock во Јапонија.
Сиа со актерката Кејд Хадсон
Инфо и фото: Daily Mail