Природната убавина на овој 50+ модел е вистинска инспирација

29 април 2021

Хилари Битар ја троши шестата деценија од животот. Но, нејзината енергија, природност и насмевка се вистинска инспирација.

Таа е дел од модната агенција на „Елит Менаџемент Мајами“ и покрај тоа што е во групата возрасни модели е мошне барана, со што покажува дека годините никогаш не треба да ни се ограничување за нешто што сакаме да го направиме.

Интересно е што нејзината кариера на некој започнува после натпревар за најубава седа коса на една козметичка компанија во Мајами.

Како победничка, станува дел од реклама за брендот и оттаму нејзиниот живот се менува.

Активна е и преку својот инстаграм профил @silverstorm777, каде ја следат преку 45 илјади луѓе. Има лежерни модни комбинации, па едноставноста и природноста се дел и од нејзиниот гардеробер.

Со своите фотографии и насмевка шири позитивност низ инстаграм просторот, па токму затоа и одлучивме да ја издвоиме.

Надворешноста може да ја негуваме на разни начини, но уште повеќе треба да го негуваме својот дух, а насмевките понатаму сами ќе зрачат.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
29 април 2021
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
558 пати